Dildar Baykan
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ЊУЈОРК
Од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во САД починаа 25.239 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во САД кои станаа епицентар на пандемијата на новиот тип на коронавирусот во светот, секојдневно сѐ поголем е билансот на зарзени и починати.
Според информациите што ги објави универзитетот Џонс Хопкинс, досега во САД од Ковид-19 починале 25.239 лица.
Во САД се детектирани над 600.000 лица позитивни на Ковид-19, поточно 609.614 лица.
- Најтежок удар од Ковид-19 доживеа Њујорк
Најголем број на жртви од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во САД има во Сојузната држава Њујорк.
На подрачјето на Њујорк детектирани се 200.000 случаи на заразеност со Ковид-19, а приближно 11.000 лица ги загубија животите од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирусот.