Emre Aytekin
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на лица во светот кои на тестирањата за новиот вид коронавирус, Ковид-19, биле позитивни надмина 16 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, досега вирусот е дијагностициран кај 16.020.149 лица во светот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја каде што е детектиран најголем број на лица позитивни на Ковид-19, вкупно 4.264.689 лица.
По САД земји со најголем број на луѓе кај кои е дијагностициран овој вирус се Бразил (2.348.200), Индија (1.364.475), Русија (806.720), Јужноафриканската Република (421.996), Мексико (378.285), Перу (375.961), Чиле (341.304), Шпанија (319.501), Велика Британија (297.914), Иран (288.839), Пакистан (271.887), Саудиска Арабија (264.973), Италија (245.590) и Колумбија (233.541).
Во Турција досега регистрирани се 224.252 лица позитивни на Ковид-19.
Земји со над 100.000 заразени со Ковид-19 се:
Бангладеш (221.178), Германија (206.059), Франција (180.528), Аргентина (153.520), Канада (113.206), Катар (109.036) и Ирак (107.573).
Новиот тип на коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, по што се рашири во над 200 земји и региони во светот.
Како последица на Ковид-19 досега починаа 644.030 заразени, оздравени се 9.793.882 лица, а сè уште се лекуваат 5.582.237 заболени.