Büşra Selvi Öğütcen
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус Ковид-19, во светот починаа над 900.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на „Worldometer“, интернет-страницата на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека бројот на починатите од Ковид-19 е зголемен на 901.871, додека бројот на заразените достигна 27.740.264.
Најмногу смртни случаи, дури 194.032, се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД).
Следуваат Бразил со повеќе од 127.000 и Индија со речиси 74.000 смртни случаи.
Вирусот кој изби во декември во кинескиот град Вухан се прошири на над 200 земји и региони. Се излекуваа 19.833.287 лица, додека активни се 7.005.106 случаи.