Selçuk Acar
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека вирусот зика може да биде закана за сите држави од американскиот континент, освен во Канада и Чиле, јавува Anadolu Agency (АА).
Подрачното одделение на СЗО за панамериканскиот регион PAHO најави дека вирусот „зика” се појавил во најмалку 20 земји на Западната хемисфера и дека посебно загрижува неговото ширење во земјите од Јужна Америка.
Бразилските власти соопштија дека во земјата се хоспитализирани 3.893 пациенти под сомнение дека се заразени од овој вирус.
Паралелно со ова, Центарот за контрола на болести и превенција на САД (ЦДЦ) ги предупреди Американците да не патуваат во 22 земји во регионот, поради ризикот од вирусот „зика”.
„Зика” вирусот, за кој сè уште не е откриен лек, за прв пат е регистриран во 1940 година во Уганда од каде што се прошири низ Африка. Вирусот се појави подоцна во Јужниот Пацифик и Азија, а од неодамна и во Латинска Америка. „Зика” опасниот вирус се пренесува преку комарците „Aedes”, кои, исто така, се пренесувачи на жолтица и други вируси.
Симптомите обично вклучуваат треска, осип, болки во зглобовите, болка и црвенило на очите, болка во мускулите, главоболка и повраќање. Покрај каснување од комарец, „Зика” вирусот се спроведува и се шири преку трансфузија на крв, но и со надворешен контакт. Утврдено е дека вирусот предизвикува зголемена микроцефалија, невролошко нарушување што може да доведе до нецелосен развој на мозокот кај бебињата.