Büşra Selvi Öğütcen,Zuhal Demirci
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
АНКАРА
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво е детектиран кај повеќе од 53.796.090 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирус во земјите од светот, вкупната бројка на лица што починале од последици предизвикани од Ковид-19 изнесува 1.310.250. Вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирус изнесува 53.796.098, додека оздравеа 37.555.669 што биле позитивни на Ковид-19.
Продолжува лекувањето на 14.930.179 активни случаи.
САД се земја со најголем број смртни случаи и лица позитивни на коронавирус. Досега во оваа земја коронавирусот е детектиран кај 11.066.546 лица, а од последици на Ковид-19 животот го загубија 249.998 заразени со вирусот.
Покрај САД, земји во светот во кои бројката на лица позитивни на коронавирус надминува 500.000 се:
Индија (8.773.479), Бразил (5.819.496), Франција (1.922.504), Русија (1.880.551), Шпанија (1.492.608), Велика Британија (1.317.496), Аргентина (1.296.378), Колумбија (1.182.697), Италија (1.107.303), Мексико (997.393), Перу (932.650), Германија (772.822), Јужноафриканска Република (746.945), Иран (738.322), Полска (665.547), Чиле (528.30), Украина (525.176), Белгија (525.012) и Ирак (514.496).
Земји во кои, покрај САД, бројот на смртни случаи надминува 10.000 се:
Бразил (164.946), Индија (129.225), Мексико (97.624), Велика Британија (51.304), Италија (44.139), Франција (43.892), Шпанија (40.769), Иран (40.582), Перу (35.106), Аргентина (35.45), Колумбија (33.669), Русија (32.443), Јужноафриканска Република (20.153), Индонезија (15.037), Чиле (14.738), Белгија (14.106), Еквадор (12.977), Германија (12.503), Ирак (11.580), Турција (11.326) и Канада (10.828).