Zehra Ulucak
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Во светот од коронавирусот (Ковид-19) се излекувани повеќе од 960.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува најновите информации во врска со бројот на заразени со коронавирусот, бројот на луѓе во светот кои успеаја да се закрепнат од Ковид-19 достигна 961.785.
Најмногу излекувани има во Соединетите Американски Држави (САД), вкупно 142.238, а потоа следуваат Шпанија со 123.903, Германија 120.400, Кина 77.578, Иран 72.439, Италија 68.941 и Франција со 46.886 излекувани.
Новиот вид коронавирус кон крајот на декември првин се појави во Кина, а потоа се прошири во повеќе од 200 земји и региони.
Бројот на заразени со овој вирус во светот изнесува 3.146.200, додека од последиците на заразувањето починаа 218.139 лица.