Sayed Khodaiberdi Sadat
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
КАБУЛ
Во авганистанскиот главен град Кабул извршен е самоубиствен бомбашки напад во кој животот го загубија 3 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Арјен, на прес-конференција соопшти дека напаѓачот ја активирал бомбата што ја носел на себе меѓу народот во подрачјето Ришхор во Кабул.
Портпаролот Арјен соопшти дека во експлозијата загинале 3 цивили, а 15 се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.