Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА (АА) – Во три сојузни држави во Соединетите Американски Држави (САД) ограничувањата донесени поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, се олабавени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според американските медиуми во сојузните држави Џорџија и Оклахома дозволено е отворање на фризерските салони, салоните за тетоважи, спа-центрите и местата за куглање.
Во сојузната држава Алјаска укинати се ограничувањата за рестораните и трговците на мало. Некои области на Алјаска претпочитаат да се придржуваат кон строгите правила.
Муштериите што ќе одат во продавниците и рестораните кои се отворени во сите три држави, се очекува да го почитуваат правилото за социјална дистанца.
Во Џорџија, рестораните и кино-салите се очекува да бидат отворени во понеделник.
САД се земја каде што има најголем број заразени и смртни случаи од Ковид-19.
Според податоците што ги сподели Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Ковид-19 е откриен кај 809.524 луѓе во земјата, додека 51.017 починале поради вирусот.