Yusuf Özcan
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ПАРИЗ (АА) – Во последните 24 часа во Франција регистрирани се 10.561 случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Институтот за јавно здравје, бројот на дневни случаи продолжува да се зголемува во земјата.
Бројот на заразени лица во Франција се зголеми на 373.911, со пораст од 10.561 во последните 24 часа.
Оваа бројка е најголемата забележана во земјата на дневна основа од почетокот на епидемијата.
Во болниците од Ковид-19 починаа 17 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 30.910. Од Ковид-19 се лекуваат вкупно 5.230 лица, од кои 663 се наоѓаат на интензивна нега.
Во земјата продолжува зголемувањето кај бројот на луѓе на интензивна нега, а исто така се влошува и текот на епидемијата.
Премиерот Жан Кастекс на прес-конференцијата вчера изјави дека периодот на изолација за пациентите со Ковид-19 ќе се намали од 14 на 7 дена.
Кастекс истакна дека бројот на региони во црвената категорија се зголеми на 42.
Од друга страна, Научниот комитет соопшти дека се загрижени поради вториот бран во земјата, што може да се случи на есен или во зима.