Yusuf Özcan
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, соопшти дека од денес ќе биде ограничено слободното движење низ целата земја поради новиот вид коронавирус Ковид -19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон во Елисејската палата се обрати до нацијата поради коронавирусот.
Кажувајќи дека граѓаните во недела одат во парковите и градините, Макрон рече дека тоа не е добро и дека животот на луѓето се става во опасност.
Повикувајќи ги Французите да дејствуваат посвесно, Макрон рече дека сите напори треба да бидат насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот.
- Слободното движење ќе биде ограничено 15 дена
Најавувајќи дека слободното движење низ целата земја ќе биде ограничено најмалку 15 дена, почнувајќи од денес во 12 часот, Макрон рече дека освен по потреба не треба да се излегува надвор.
Тој, исто така, рече дека одењето во маркет, болница и на работа ќе биде слободно.
Макрон истакна дека ќе бидат казнети тие што нема да ги почитуваат препораките.
Објаснувајќи дека е одложен вториот круг од локалните избори закажани за во недела, Макрон истакна дека тие се „во борба“ против епидемијата и дека е важна борбата против неа.
Претседателот во своето обраќање рече дека пензиската реформа, која е контроверзна во земјата, е стопирана.
Изјавувајќи дека за лекарите и здравствените работници ќе бидат обезбедени маски, Макрон рече дека денес од 12 часот шенгенскиот регион и границите со Европската Унија (ЕУ) ќе бидат затворени.
- Издвоени 300 милиони евра
Макрон рече дека за компаниите, врз кои негативно влијае коронавирусот, ќе биде обезбедена финансиска помош и дека за тоа се издвоени 300 милиони евра.
Истакнувајќи дека епидемијата ќе биде победена, Макрон рече дека јавноста не треба да биде вознемирена.
Поради епидемијата, во Франција беше донесена одлука да се затворат сите училишта, кафулиња, ресторани, барови, ноќни клубови, кина и трговски центри, а ќе работат само маркетите, аптеките, банките и бензинските пумпи.