Zylfije Adem Jakupi
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово потврди нов случај на заразување со коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на заболени е зголемена на 16, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Националниот институт случајот е потврден во раните утрински часови.
„Заразена е жена, државјанка на Косово, пристигна во Косово во понеделник од Лондон. Нејзината состојба е стабилна", се вели во извештајот.
Вчера потврдените два случаи на заразување со коронавирусот исто така беа косовски државјани кои допатуваа од Лондон, со директен лет Лондон-Приштина.
Првиот случај на заразување со коронавирус во Косово е забележан на 13 март. Сите 16 досега заразени лица се во стабилна состојба.
Досега во лабораториите на Националниот институт се тестирани 271 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирусот.