Abdullah Aşıran
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
РОТЕРДАМ (АА) - Во Холандија, во последните 24 часа бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за 83, со што вкупната бројка се искачи на 3.684, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот завод за здравство и животна средина, поврзан со Министерството за здравство, ги ажурираше информациите за вирусот Ковид-19 во земјата.
Според информациите, во текот на деноноќието регистрирани се 1.066 нови случаи со коронавирус, со што вкупната бројка на заболени во земјата се зголеми на 32.655.
Бројот на хоспитализирани лица во последните 24 часа е зголемен за 110, со што вкупната бројка на пациенти во болниците е 9.704.