Hüseyin Burak Demirer
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА (АА) - Втората трка на Големата трка на Мото-ГП 2020 во Тајланд се одложи поради новиот тип коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на Мото-ГП, заради зголемени мерки за безбедност, одложена е трката која се планираше да се одржи на 22 март во градот Бурирам. Исто така, првата трка која требаше да се одржи на 8 март во Катар, беше одложена.
По оваа одлука, 2020. сезона на Мото-ГП ќе започне со Големата трка во САД на 4 април.