Şenhan Bolelli
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
МАДРИД
Во шпанскиот град Мадрид од епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19 во последните 24 часа двојно се зголеми бројот на починати лица, од 8 на 16, додека бројот на заразени од 202 се искачи на 469, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мадрид е град во Шпанија во кој бројот на заразени и починати од вирусот Ковид-19 во еден ден двојно се зголеми. Бројот на починати од 8 се зголеми на 16, а од претходно детектираните 202 случаи, во еден ден бројот на заразени се искачи на 469 лица.
Додека голем број компании во Мадрид им овозможуваат на своите вработени да работат од дома, се дознава дека телефонската компанија „Orange“ соопштила дека во централниот објект на компанијата во Мадрид, новиот тип коронавирус е детектиран кај еден нејзин вработен.
Додека шпанските медиуми објавија дека „полека, полека може да се забележи дека во земјата се создава панична средина“, се дознава дека во голема мерка во аптеките се намалени резервите на маски и хигиенски гелови.
Во моментов, од вирусот Ковид-19 на ниво на цела Шпанија бројот на заразени е поголем од 1.000 лица.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, соопшти дека во најкусо време ќе биде спроведен „итен план за интервенции“, повикувајќи го народот да биде „единствен и смирен“.
Заменик-премиерката Кармен Калво за првпат јавно се изјасни дека коронавирусот негативно ќе влијае врз економијата на земјата, истакнувајќи дека туристичкиот сектор има значаен удел во бруто националниот производ на земјата.
По Мадрид, подрачјето на Баскија е второ во Шпанија по бројот на заразени, со 146 детектирани случаи. Автономната власт на Баскија донела одлука 15 дена да бидат затворени сите градинки, училишта, институти и универзитети.
Шпанскиот печат пишува дека во подрачјето на Баскија најголем број од заразените со коронавирус се медицински персонал и наставници. Споделена е информацијата дека околу 200 наставници се ставени во карантин.
Во исто време под карантин е ставено местото Харо, при што влезовите и излезите од тоа место се контролираат.
Од друга страна, Барселона донела одлука членовите на три совети на општини да останат во домашен карантин, а една градинка поради епидемијата на коронавирусот привремено е затворена.
Според објавените податоци поврзани со епидемијата на коронавирусот, по Италија (366), Шпанија е втора земја во Европа по смртните случаи предизвикани од вирусот Ковид-19.