Barış Seçkin
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 243 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 30.201, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 87.961 активен случај со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 217.185.
Денес се излекувани 2.747 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 99.023 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 243 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 30.201 лице.
Според соопштеното, 1.168 лица се наоѓаат на интензивна нега.