Yusuf Özcan
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 26.230 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 642 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 210.086.
Во болниците се лекуваат 22.724 лица, од кои 2.868 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 755 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 55.782.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 243 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 26.230, од кои 16.497 лица починале во болници, и 9.733 во домовите за стари лица.