Barış Seçkin
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 610 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 18.279 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 96.877 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 143.626 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.979 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 28.470 лица.
Во Италија досега за 853.369 лице биле извршени тестирања за Ковид-19.
Меѓу другото, над 12.500 здравствени работници во земјата се заразени со Ковид-19, додека како последица на оваа пандемија починаа 105 ликари и 28 медицински сестри.