Barış Seçkin
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 619 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 19.468, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 100.269 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 152.271.
Тој нагласи дека се излекувани нови 2.079 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 32.534 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 619 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 19.468 лица.
Според него, денес се откриени 1.996 нови случаи со Ковид-19.
Тој рече дека 3.381 лице се наоѓа во интензивна нега, додека истакна тој, досега се извршени 963.473 тестирања за Ковид-19.