Aleksandar Niciforovic
11 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
НОВИ ПАЗАР (AA) – Во Нови Пазар во рекорден рок опремена е специјална болница во која се лекуваат граѓани од овој град и од околните општини, позитивни на новиот тип на коронавирусот( Ковид-19), со полесна клиничка слика. За таа цел преуредена е зграда на медицинското училиште Два херои", а импровизираната болница има капацитет од 150 кревети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Специјалната болница ги прими веќе првите пациенти. Во неа се сместени 13 граѓани на Нови Пазар кои се лекувале во болницата на белградски Саем, а во текот на вчерашниот ден хоспитализирани се уште три лица позитивни на Ковид-19 со полесен облик на болеста и без симптоми.
„Првата ноќ во привремената болница помина мирно. Сите пациенти кои се сместени во неа се чувствуваат добро. Тие се под 24-часовен надзор на медицинските работници и им се пружа целото внимание и грижа. Максимално се трудевме да се обезбеди ваков објект. Во разговор со пациентите кои се сместени тука слушнавме колку им е важно што се повторно во овој град, ли лекуваат медицинските работници кои ги познаваат и така им станува полесно. Обезбедени се сите услови, одделени се машките и женските кревети и тоалети, имаат интернет и телевизија како и простор за извршување на дневните намази (муслимански молитви). Максимално сме внимателни, персоналот е заштитен и имаме квалитетна и добра заштитна опрема", рече во изјава за АА раководителот на привремената Ковид-19 болница во Нови Пазар др. Фарук Пашовиќ.
Во привремената болница е ангажиран голем број образовани и млади лекари. Меѓу нив и младиот доктор по општа медицина Емир Смаиловиќ кој има само 25 години, знаењето кое го стекнувал на престижна образовна установа во земјата. Само што зачекорил во светот на лекарската професија, а пред него сега е животен предизвик.
„Без колебање го прифатив тој повик. Се школував за да им помагам на болните, тоа го правам од хумани мотиви. Зошто би останал дома ако сум покорисен за општеството кога сум ангажиран. Нема страв, размислувам само како најдобро ќе ја работам својата работа и ќе дадам се од себе да бидам на располагање и да им бидам од корист на болните сограѓани, но и на повозрасните колеги. Имам разбирање и поддршка од своето семејство", рече младиот доктор по општа медицина.
Директорот на Заводот за јавно здравје Нови Пазар, др. Шефадил Спахиќ за АА рече дека моменталната епидемиолошка ситуација во овој град и во општина Тутин за која се надлежни е нестабилна, но е под контрола.
„Епидемиолошката ситуација во здравствените установи и домови за стари лица и лица со попреченост е задоволителна. Од Ковид-19 заразена е една докторка и две медицински сестри од новопазарската Општа болница. Повремено се врши дезинфекција на важните објекти. Во последите 10 дена забележително е подобрување на однесувањето на граѓаните и почитување на мерките на Владата на Србија", рече Спахиќ.
Според последниот извештај, во Нови Пазар во изминатите 24 саати на Ковид-19 тестирани се 40 лица од кои 2 се позитивни. Вкупната бројка на лица со Ковид-19 во градот изнесува 34.