Barış Seçkin
23 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 119 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 32.735, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 57.752 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 229.327.
Денес се излекувани 2.120 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 136.840 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 119 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 32.735 лица.
Според соопштеното, 572 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 3.391.188 тестирања на Ковид-19.