Kaan Bozdoğan
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека двајцата лидери меѓусебно упатија честитки по повот празникот Рамазан бајрам.
Се нагласува дека Ердоган и кралот Абдула Втори разговараа за настаните во регионот, и односите меѓу Турција и Јордан.
Според соопштението, лидерите на двете земји се осврнаа и на соработката во борбата против Ковид-19.