Dilara Hamit
26 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати како последица од зараза со коронавирусот во Кина е зголемен на 2.717 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина (NHC) денес соопшти дека во изминатите 24 часа починале 52 заразени лица, со што бројот на починати од заразата со опасниот вирус во таа земја е зголемен на 2.717.
Националната здравствена комисија на Кина (NHC) наведува дека досега е потврдена заразата со коронавирус кај вкупно 79.108 пациенти, и дека под медицински надзор моментално има 78.064. Исто така се истакнува дека досега 29.745 лица се отпуштени од лекување.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи на зараза се потврдени во повеќе од 25 земји низ светот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност, а голем број авиокомпании ги запреа летовите кон Кина. Болеста официјално е наречена Ковид-19.