?????
05 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Двојките во Кина, кои имаат деца, непридржувајќи се на политиката на едно дете, протестираа пред Комисијата за семејно планирање на семејството, со барање да им бидат укинати казните, јавува Anadolu Agency (АА).
Од почетокот на оваа година, на кинеските двојки им е дозволено да имаат по две деца. Политиката за едно дете беше воведена пред повеќе од три децении, ги ограничуваше повеќето парови да имаат само едно дете, преку систем на парични казни за прекршителите. Некои локални власти дури одбиваа да го регистрираат второто дете ако родителите не ја платиле казната за кршење на законот.
Околу дваесетина луѓе протестираа во вторникот пред влезот на Националната комисија за семејно планирање на семејството, барајќи казните да бидат поништени. Еден од присутните изјави дека сите деца треба да бидат третирани подеднакво, без оглед на тоа дали тие се родени пред или по измените на Законот за семејно планирање. Новиот закон стапи на сила поради загриженоста за стареењето на населението и намалувањето на работната сила.