Sorvar Alam
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти на 8 април планираат да ја прекинат повеќемесечната блокада на градот Вухан, од каде што во декември започна да се шири новиот коронавирус, објавија денеска локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на новинската агенција „Синхуа“, локалните здравствени власти во покраината Хубеи, во која се наоѓа Вухан, прогласија низа нови прописи насочени кон ублажување на ограничувањата за движење во подрачјето.
Кинеските власти, на 23 јануари, градот со 11 милиони жители го ставија во карантин со цел да го сопрат ширењето на коронавирусот.
Одлуката за ублажување на рестрикциите дојде откако во изминатите пет дена во градот немаше регистрирано локални случаи на зараза со коронарнавирусот. Но, денес во градот беше пријавен нов позитивен случај, кој сè уште може да ги наруши плановите на кинеските власти.
Во Кина од Ковид-19 починаа над 81.000 луѓе, а регистрирани беа речиси 3.300 смртни случаи.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот. Од Ковид-19 во светот починаа над 16.000 луѓе, а потврдени се повеќе од 380.000 случаи на коронавирусот во речиси 190 земји, покажуваат податоците на СЗО.
Исто така, СЗО ја прогласи Европа за нов епицентар на пандемијата на коронавирусот.