Islam Doğru
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа во САД од последиците на Ковид-19 починаа 659 лица, односно до сега вкупно 150.515, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со најмногу заразени и починати од Ковид-19. Според податоците објавени на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација во светот, во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 61.534. Во САД со Ковид-19 до сега се заразени 4.435.113 лица.
Во САД извршени се повеќе од 55,2 милиони тестирања на присуство на Ковид-19, додека бројот на оздравени надмина 2,1 милиони лица.
Земји со најмногу заразени, по САД се Бразил (2.446.397) и Индија (1.493.904).
Со околу 467.000 заразени Калифорнија е американска сојузна држава која е најмногу погодена од пандемијата. Следуваат Њујорк со повеќе 440.000 заразени и Флорида со околу 433.000.