Zylfije Adem Jakupi
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово 7 пациенти починаа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, додека регистрирани се 239 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за здравство на Косово соопшти дека се тестирани 401 лице, од кои 239 се позитивни на коронавирусот. Најголемиот број на новозаразени и овојпат се од Приштина, каде се регистрирани 82 нови случаи.
Досега се тестирани 35.121 лице. Вкупниот број на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата изнесува 7.652, од кои 192 лица починаа од последици на заразеност со Ковид-19.
Во последните 24 часа оздравеа 102 пациенти, а вкупниот број на оздравени досега изнесува 4.129, додека моменталниот број на активни случаи изнесува 3.331.