Ekipa
20 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Кралицата Елизабета II е позитивна на Ковид-19, објави денес Бакингамската палата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нејзиното височество има благи симптоми на настинка, и ќе продолжи со лесните должности во Виндзор во текот на следната недела“, се вели во соопштението на Палатата.
Кралицата (95) е монарх со најдолг период на тронот во Велика Британија, а оваа година е нејзиниот платинест јубилеј, одбележувајќи 70 години на тронот.
„Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, се додава во соопштението.
Кралицата, за која се наведува дека е вакцинирана со три дози од вакцините против Ковид-19, била во контакт со принцот Чарлс кога тој и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, неодамна се тестираа и беа позитивни на Ковид-19.