АНКАРА (АА) - Лицата кај кои е детектиран новиот тип на коронавирус, Ковид-19, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, ја надмина бројката од 169.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информации во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, објавува интернет-страницата „Worldometer“, според која во моментов на светско ниво овој вирус е детектиран кај 169.652 лица.
Според оваа интернет-страница, како последица од вирусот Ковид19 починале 6.518 лица, а 77.776 се излекувани.
Листата на земји според бројката на починати од вирусот Ковид-19 изгледа вака:
Континенталниот дел на Кина 3.213 лица, Специјален Административен Регион Хонгконг 4, Италија 1.809, Иран 724, Шпанја 292, Франција 127, Јужна Кореја 75, САД 69, Велика Британија 35, Јапонија 31, Холандија 20, Швајцарија 14, Германија 13, Филипини 12, Ирак 10, Сан Марино 7, Индонезија 5, Австралија 5, Белгија 4, Грција 4, Алжир 4, Норвешка 3, Полска 3, Либан 3, Шведска 3, Ирска 2, Египет 2, Индија 2, Аргентина 2, Бугарија 2, Еквадор 2, Данска 2 и по еден смртен случај во Австрија, Словенија, Канада, Тајланд, Луксембург, Тајван, Панама, Албанија, Азербејџан, Унгарија, Мароко, Украина, Гавјана, Гватемала и Судан.
Новиот тип на коронавирус е детектиран кај 80.860 лица во континенталниот дел на Кина, 149 случаи се зебележани во САР Хонгконг и 11 во САР Макао. На Тајван се регистрирани 59 случаи со Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, листата на земји според регистрирани случаи на Ковид-19 е следна:
Италија 24.747, Иран 13.938, Јужна Кореја 8.236, Шпанија 7.845, Германија 5.813, Франција 5.423, САД 3.782, Јапонија 1.535, Швајцарија 2.217, Велика Британија 1.391, Норвешка 1.256, Холандија 1.135, Шведска 1.040, Белгија 886, Данска 864, Австрија 860, Малезија 428, Катар 401, Канада 341, Австралија 337, Грција 331, Чешка 293, Португалија 245, Финска 244, Сингапур 226, Словенија 219, Бахреин 214, Израел 213, Бразил 203, Исланд 180, Естонија 171, Ирска 170, Филипини 140, Романија 139, Египет 126, Полска 125, Ирак 124, Саудиска Арабија 118, Индонезија 117, Индија 114, Тајланд 114, Кувајт 112, Либан 110, Сан Марино 109, ОАЕ 98, Луксембург 77, Чиле 75, Перу 71, Русија 63, Словачка 61, Јужна Африка 61, Виетнам 57, Аргентина 56, Панама 55, Алжир 54, Пакистан 53, Бугарија 51, Брунеи 51, Хрватска 49, Србија 48, Мексико 43, Албанија 42, Палестина 38, Еквадор 37, Костарика 35, Колумбија 34, Грузија 33, Кипар (грчки дел) 33, Унгарија 32, Летонија 30, Мароко 28, Ерменија 28, Белорусија 27, Сенегал 24, БиХ 24, Азербејџан 23, Молдавија 23, Оман 22, Малта 21, Тунис 20, Северна Македонија 19, Шри Ланка 18, Турција 18, Венецуела 17, Авганистан 16, Литванија 14, Малдиви 13, Камбоџа 12, Јордан 12, Доминиканска Република 11, Фарски Острови 11, Боливија 10, Мартиник 10, Јамајка 10, Казахстан 9, Нов Зеланд 8, Парагвај 8, Француска Гвајана 7, Лихтенштајн 7, Островот Реунион 7, ТР Северен Кипар 6, Гана 6, Уругвај 6, Андора 5, Бангладеш 5, Гваделупе 5, Порторико 5, Руанда 5.
Земји кај кои бројот на заразени од Ковид-19 е помал од 5:
Гвајана, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Етиопија, Тринидад и Тобаго, Узбекистан, Украина, Буркина Фасо, Каналски острови, Француска Полинезија, Гуам, Хондурас, Кенија, Сејшели, Монако, Нигерија, Аруба, Курасао, ДР Конго, Намибија, Света Луција, Свети Мартин, Гватемала, Судан, Непал, Антигва и Барбуда, Бахами, Бутан, Кајмански острови, Централно африканска Република, Конго, Екваторска Гвинеја, Габон, Гибралтар, Гвинеја, Ватикан, Мавританија, Островот Мајот, Монголија, Свети Бартоломеј, Свети Винсент и Гренадини, Суринам, Есватини, Того и Американските Девствени Острови.