Barış Seçkin
16 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
РИМ (АА) - Премиерот на Италија, Џузепе Конте, соопшти дека влегуваат во ризични недели поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, и дека сѐ уште не е достигнат врвот на кризата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Конте даде изјава за весникот „Кориере дела Сера“, при што рече дека бројот на мртви од Ковид-19 е искачен на 1.809, додека бројот на заразени на 24.747.
Конте апелираше да не се напуштаат домовите, освен ако има потреба. „Треба да останеме дома со цел да избегнеме ризичен контакт. На тој начин ќе водиме поефективна борба против вирусот. Научниците тврдат дека вирусот сѐ уште не го достигнал врвот во однос на ширењето. Овие недели се најризичните недели и треба максимална претпазливост. Ова е најважната борба во последните години. За да победиме во оваа борба потребен ни е придонесот на 60 милиони Италијанци.“
Конте истакна дека следниот период ќе видат какви резултати дава карантинот што се применува од минатата недела.
„Треба да почекаме уште неколку недели за да потврдиме дали решенијата што ги донесовме во согласност со насоките на Научно-техничкиот оддел дадоа резултати“, нагласи Конте.
Истакнувајќи дека засега не се потребни нови ограничувања, Конте рече дека е многу важно да се почитуваат постојните правила и дека одлуката на општините да ги затворат парковите и игралиштата е правилна.