Cüneyt Karadağ
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БЕРЛИН (АА) – Кина, наводно, извршила притисок врз Светската здравствена организација (СЗО) да каже дека новиот вид коронавирус, Ковид-19, не се шири од човек на човек во времето на неговото прво појавување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на германскиот магазин „Дер Шпигел“, заснована на блиски кругови од Германската разузнавачка агенција (BND), Кина откако се појавил Ковид-19 побарала од СЗО да го одложи предупредувањето за глобална епидемија.
„На 21 јануари кинескиот претседател Си Ѓинпинг во телефонскиот разговор со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, побарал да се одложи предупредувањето за епидемија и да се избегнува да се каже дека вирусот се шири од човек на човек“, се нагласува во веста на „Дер Шпигел“.
СЗО ги негираше ваквите тврдења.