Büşra Selvi Öğütcen
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во изминатите 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот во Индија починаа 940 заразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број на смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19 во таа земја е зголемен на 101.782.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 75.829 нови случаи на заразеност со коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја надмина 6,5 милиони, а оздравеа 5,5 милиони луѓе.
САД и понатаму се земја со најголема бројка на заразени во светот, а Индија во последните неколку недели забележува најголем раст на новозаразени.