Büşra Selvi Öğütcen,Gökhan Varan
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Бројката на заразени со новиот тип коронавирус во светот надмина 35,1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Според последните податоци, во светот бројката на лица позитивни на коронавирусот е зголемена на 35.142.176.
Во светот досега од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус починаа 1.038.044 лица, а оздравеа 26,1 милион, додека бројката на активни случаи изнесува 7.972.970.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со 7.600.846 лица кај кои е детектиран коронавирусот, а починаа 214.277 лица.
Според бројката на заразени, по САД следуваат Индија со 6.549.373, Бразил со 4.906.833, Русија 1.204.502 и Колумбија со 848.147 заразени.
По САД, најголем број смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19 во светот се забележани во Бразил 146.011, Индија 101.812, Мексико 78.880, Велика Британија 42.317 и Италија 35.968.