Zehra Ulucak
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
На глобално ниво оздравеа повеќе од 6 милиони лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со коронавирусот во земјите од светот, досега на глобално ниво оздравеа 6.032.985 лица заразени со коронавирусот.
Листата на првите 10 земји со најголем број оздравени лица заразени од Ковид-19 се САД (1.164.680), Бразил (916.147), Русија (422.931), Индија (359.896), Чиле (245.443), Иран (191.487), Италија (190.717), Германија (179.800), Перу (178.245) и Турција (175.422).
Вирусот кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот, претворајќи се во пандемија.
Досега во светски рамки детектирани се 10.810.307 лица заразени со коронавирусот, од кои 519.083 ги загубија животите од последици предизвикани од вирусот.