Betül Yürük
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа над 800.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјата повторно бележи брз раст во зимскиот период.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени со овој вирус во земјата надмина 50 милиони, додека бројот на починати од Ковид-19 надмина 800.000.
Билансот на починати за време на пандемијата во САД е двојно поголем од бројот на загинати Американци во Втората светска војна.
Поголемиот дел од смртните случаи се забележани меѓу невакцинираните и постарите лица.
Центарот за контрола и спречување на болести на САД предупреди дека варијантата Омикрон брзо се шири во земјата.