Islam Doğru
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) околу 82,1 милион дози од вакцините против коронавирусот завршија во ѓубре, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Ен-би-си (NBC), од декември 2020 година до средината на мај оваа година 82,1 милиони дози од вакцините против Ковид-19 се исфрлени од употреба во аптеките низ целата земја.
Се наведува дека тоа е 11 отсто од вкупната сума што федералната Влада им ја обезбеди на сојузните држави во борбата против коронавирусот.
Оклахома и Алјаска беа во првите редови во отстранувањето на вакцините, при што околу 28 отсто од вакцините завршија во отпад.
Се наведува дека вакцините завршиле во отпад поради ограничениот рок на траење.