Servet Günerigök
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починатите од последиците предизивкани од заразувањето со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) надмина 16.000 лица, покажуваат податоците на Универзтитетот „Џонс Хопкинс", јавува Агенција Анадолија (АА).
Во САД од Ковид-19 починаа 16.129 лица, а заразени се 452.582
САД моментално се втора земја по бројот на смртните од коронавирусот, а пред нив се наоѓа Италија со 18.279. Трета е Шпанија со 15.238 лица.
Податоците покажуваат и дека 25.000 пациенти оздравиле.
Епицентарот и понатаму е сојузната држава Њујорк со повеќе од 7.000 смртни случаи, а следува Њу Џуерси со 1.709.
Претходно главниот американски хирург Жероме Адамс предупреди дека ова ќе биде многу тешка седмица за оваа земја.„