Bayram Altuğ
22 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ЖЕНЕВА
Светската здравствена организација објави дека на дневно ниво е забележан рекорд со над 183.000 позитивни на Ковид-19, додавајќи дека вирусот сѐ уште е смртоносен и засега нема некаков значаен показател дека ја загубил силата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева одржа прес-конференција по пат на видеоконференција на која истакна: „Речиси секој ден постигнуваме нов и страотен рекорд“.
Гебреисус зборувајќи дека СЗО вчера имаше објавено дека на глобално ниво се регистрирани над 183 илјади лица позитивни на Ковид-19, истакна дека тоа претставува највисока бројка на регистрирани лица позитивни на коронавирусот во еден ден.
Изјавувајќи дека СЗО подготвила извештај за повеќе од 8,8 милиони лица позитивни на Ковид-19 и над 465 илјади смртни случаи како последица на заразеност со коронавирусот, Гебреисус посочи „Во некои земји бројот на лица позитивни на Ковид-19 и бројката на смртни случаи забрзано расте.“
Потсетувајќи дека некои земји откако на некој начин успешно го ставиле коронавирусот под контрола и повторно ги отвориле економиите, Гебреисус предупреди дека заедно со тоа во тие земји повторно започнало да се зголемува бројката на заразени.
„Сите земји се соочуваат со еден многу чувствителен баланс со цел заштита на сопствениот народ и одржување на најниско ниво на социјалната и економската штета. Тоа не претставува избор меѓу животот и изворите за егзистенција. Земјите (во исто време) можат да ги направат и двете нешта“, истакна Гебреисус.
- „Вирусот не ја загуби силата“
На прашањето на новинарот на АА „последните денови некои научници излегоа со изјави дека ‘вирусот ја загубил силата’, а имаме рекордна бројка на новозаразени, со што тогаш се поврзува процентот на смртноста“, збор зеде Марија Ван Керхове, лидерката на екипата на борбата против Ковид-19.
Керхове рече дека „за да се одреди дали има или нема промени кај вирусот“ научниците во моментов испитуваат повеќе од 49 илјади „целосни секвенци на гените“.
Потенцирајќи дека во моментов не постои било каков доказ дека Ковид-19 ја загубил силата, Керхове истакна „Досега не забележавме дека ја загубил силата, но (во рамките на СЗО) на глобално ниво има група луѓе кои го испитуваат тоа“.
Истакнувајќи дека продолжува смртоносното влијание на вирусот, Керхове продолжи со зборовите „Би сакала да потенцирам дека вирус е многу смртоносен. Во моментите кога има можност да ги инфицира луѓето, можно е да биде смртоносен. Затоа сакаме да бидеме сигурни дека секој вирусот многу сериозно го сфаќа и ги презема сите можни мерки за да го спречи инфицирањето.“
- „Расте бројката на млади заразени со коронавирусот“
Од друга страна, Мајк Рајан, директорот на програмата за итни состојби при СЗО информираше дека во некои сојузни држави во САД е забележано зголемување на лицата позитивни на коронавирусот.
Посочувајќи на зголемениот број на младината заразена со Ковид-19, Рајан истакна дека постојат докази за зголемениот број на млади лица кои се наоѓаат во болница како последица на заразеност со новиот тип на коронавирусот.