Bayram Altuğ
01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) одобри итна употреба на вакцината против Ковид-19 произведена од компаниите „Фајзер“/„БајоНТех“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На годишнината од појавата на мистериозната респираторна болест од непознато потекло во градот Вухан во Кина, важна изјава пристигна од СЗО.
Во писмената изјава дадена од организацијата неколку часа пред крајот на 2020 година се наведува дека е одобрена итна употреба на вакцината за заштита од Ковид-19, развиена од компаниите „Фајзер“/„БајоНТех“.
Заменик-генералниот директор на СЗО, д-р Мариангела Симао, во врска со темата нагласи: „Ова е многу позитивен чекор кон глобалниот пристап до вакцините против Ковид-19.“
Симао исто така рече дека е потребен глобален напор за дистрибуција на вакцините подеднакво на сите земји на кои им се потребни во светот.
Наведувајќи дека СЗО и нејзините партнери „работат дење и ноќе за да проценат дали другите вакцини ги исполнуваат стандардите за безбедност и ефикасност“, Симао подвлече дека е од витално значење да се обезбеди снабдување на сите земји со вакцини за да се стави крај на епидемијата.
Компанијата планира да произведе околу 1,3 милијарди дози вакцина до крајот на 2021 година.