Nuri Aydın,Nazlı Yüzbaşıoğlu
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на луѓето заразени со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 58,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" го објавува ажурираниот преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 58.494.801.
Досега во светот починаа 1.386.570 лица од заразување со коронавирусот, додека се опоравија 40.467.954. Бројот на активните случаи моментално изнесува 16.640.277.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде се заразени 12.450.666 лица.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија (9.095.908), Бразил (6.052.786), Франција (2.127.051), Русија (2.064.748), Шпанија (1.589.219), Велика Британија (1.493.383), Италија (1.380.531), Аргентина (1.366.182), Колумбија (1.240.493), Мексико (1.032.688), Перу (948.081), Германија (918.271), Полска (843.475) и Иран (841.308).