Servet Günerigök
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, е негативен на тестовите за Ковид-19 што ги направи во текот на изминатите денови, изјави лекарот на Трамп, Шон Конли, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како одговор на вашите прашања во врска со неодамнешните тестови на претседателот за Ковид-19, можам да споделам со вас дека неговите резултати се негативни“, изјави Конли.
Тој рече дека Трамп се чувствува одлично и дека не може да го прошири вирусот на други луѓе.
Американскиот претседател на 3 октомври изјави дека тој и првата дама на САД, Меланија Трамп, се тестирани и се позитивни на Ковид-19.
Следниот ден, Трамп беше пренесен во воената болница „Валтер Рид“, каде што помина три ноќи, а потоа го продолжи лекувањето во Белата куќа.