Havva Kara Aydın,Jeyhun Aliyev
26 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција денес се регистрирани над 5.600 нови случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за здравство објави дека се евидентирани вкупно 5.642 новозаразени.
Вкупно во земјата досега регистрирани се над 2,43 милиони случаи на вирусот, додека сметајќи ги 137-те смртни случаи во изминатите 24 часа, бројот на досега починати од вирусот во земјата се искачи на 25.210.
Во истиот период оздравени се уште 6.682 пациенти, со што бројот на излекувани лица достигна 2,31 милион.
Во Турција досега се тестирани над 28,64 милиони луѓе, а во претходните 24 часа 151.109.
Последните податоци покажуваат и дека бројот на пациенти заразени со коронавирусот во критична состојба се намалил на 1.808.
Турција започна масовна вакцинација против коронавирусот на 14 јануари и тоа од здравствените работници.
Досега, над 1,2 милиони луѓе ја примија првата доза на кинеската вакцина „коронавак“.
Од минатиот месец, Турција воведе полициски час во текот на ноќта и за време на викендите.