Ali Murat Alhas
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција денес започна вакцинацијата на лицата постари од 80 години во склоп на програмата за вакцинација против коронавирусот во целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, на Твитер потврди дека постарите граѓани ќе бидат вакцинирани во согласност со планот на националниот Научен советодавен одбор за коронавирусот.
Според податоците на Министерството, Турција досега вакцинираше повеќе од 1,25 милиони лица низ земјата, од кои поголемиот дел се здравствени работници што се борат со вирусот во првите борбени линии.
Коџа додаде дека секојдневната програма за вакцинација во земјата може да се следи преку интернет, а понатамошните информации за програмата за вакцинација ќе се споделуваат во текот на наредните денови за да напредува програмата.
Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Турција денес надмина 2,42 милиони, бројот на оздравени надмина 2,3 милиони, а бројот на смртни случаи е 25.073.