Yusuf Özcan
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 13.832 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации на прес-конференција ги соопшти Жером Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција.
Тој нагласи дека во последните 24 часа кај 3.114 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се искачи на 93.790 лица, додека бројката на заразени лица во старските домови се зголеми на 35.864 лица, со што вкупната бројка на заразени лица со Ковид-19 во земјата изнесува 129.654 лица.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 31.120 лица, од кои 6.883 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 26.391.
Според Саломон, во последните 24 часа починале 353 лица во болниците, со што вкупната бројка на починати во болниците се зголеми на 8.943 лица. Тој нагласи дека од 1 март досега во домовите за стари лица во земјата починале 4.889 лица, со што вкупната бројка на починати во болниците и старските домови ширум земјата изнесува 13.832 лица, од кои 18 лица починале во прекуокеанските територии на Франција.
Од друга страна, министерката за труд на Франција, Муриел Пенико, на социјалните мрежи нагласи дека 8 милиони лица во земјата останале без работа поради овој вирус.