Islam Doğru
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) се искачи на 19.715 лица, со што САД се позиционираа на врвот на листата на земјите во кои починаа најмногу лица поради Ковид-19 во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, САД со најмногу починати поради Ковид-19, зад себе ги остави сите земји во светот и се наоѓаат се на врвот на оваа листа на земји со најмногу починати поради оваа пандемија.
Во САД починаа 19.715 лица поради Ковид-19, оставувајќи ја зад нив Италија по бројот на смртните случаи.
По САД, следи Италија со 19.468 починати, а потоа Шпанија со 16.353 починати.