Alaattin Doğru
05 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
ПАРИЗ
Француската Влада, поради зголемениот број лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), вонредната состојба на полето на здравството ја продолжи до 16 февруари 2021 година, известува Агенција Анадолија (АА).
На седницата на Националното собрание што се одржа во вторникот, поради недоволниот број пратеници од владејачката партија, вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари, но на седницата што се одржа синоќа, на повторното гласање вонредната состојба во здравството е продолжена до 16 февруари 2021 година.
На претходната седница на која во мнозинство беа пратениците од опозицијата, под образложение дека се приближуваат божиќните празници и потребата на луѓето времето да го минуваат со своите семејства, беше прифатено вонредната состојба да биде продолжена до 14 декември.
- Вонредна состојба во областа на здравството
Вонредната состојба во областа на здравството во Франција која беше прогласена во март, во времетраење од два месеца, повторно стапи во сила на 17 октомври со указот издаден од Владата.
Вонредната состојба на Владата ѝ дава право да ограничи одредени слободи на целата територија на земјата или во одредени региони, како и овластување да ги заплени сите видови средства и услуги што се сметаат за неопходни.
Според извештајот што Агенцијата за јавно здравје го објави на 29 октовмри, од почетокот на октомври досега, бројот на лица на возраст од 65 до 74 години што се заразени со коронавирусот е зголемен за седумпати, додека бројот на лица заразени со вирусот на возраст над 75 години е зголемена осумпати.