Muhammed Emin Canik
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Продолжува да се зголемува бројот на заразени и смртни случаи предизвикани од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 610 заразени во Бразил, 635 во Мексико, 469 во Аргентина, 166 во Колумбија и 48 во Перу.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 610 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 161.106. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 23.976, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 5.590.025.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 5.064.344 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 635 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.225 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 93.228 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 943.630. Во оваа земја досега оздравеа 697.402 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 469 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 32.520. Во истиот период детектирани се 10.652 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.205.928.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.017.647 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на седмото место во светот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, а карантинот во осум покраини и во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 8 ноември.
Комерцијалните летови во земјата, кои беа запрени кон крајот на март повторно се воспоставени во ноември, но влез во земјата во туристички цели им е дозволен само граѓаните на Уругвај, Бразил, Парагвај, Боливија и Чиле, земји што се граничат на Аргентина.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 166 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 32.013.
Во последните 24 часа детектирани се 8.692 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.108.084. Во оваа земја досега оздравеа 1.002.202 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е на 8. место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 48 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.044 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 911.787, починаа 34.671 заразени, а оздравеа 835.694 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.