Yusuf Özcan
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројот на починатите поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 1.995 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жероме Саломон, генералниот директор во Министерството за здравство на Франција, на прес-конференција истакна дека бројот на лицата кај кои е откриен овој вирус со раст од 3.809 се искачи на 964 лица.
Саломон информираше дека 3.787 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, и дека 42 отсто од овие пациенти се лица помлади од 30 години.
Според него, бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 5.700.
Саломон нагласи дека во последните 24 часа починале 299 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 1.995 лица, и дека 85 отсто од починатите се лица постари од 70 години.