Islam Doğru
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) надмина 100.000, додека во земјата починаа 1.536 лица поради овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД зад себе ги остави Кина и Италија и се наоѓа на врвот на оваа листа во светот со најмногу откриени случаи на Ковид-19.
Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, бројот на случаи во земјата се искачи на 100.037 лица.
Се вели дека бројот на починати како резултат на коронавирус во САД се зголеми на 1.536 лица.
Што се однесува до земјите каде се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, САД се наоѓаат на врвот на оваа листа во светот, а по нив, следат Италија со 86.498 случаи и Кина со 81.340 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 44.810 случаи и 519 починати се наоѓаат на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк селдат Њу Џерзи (8.825 случаи) и Калифорнија (4.459 случаи).