Yusuf Özcan
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ПАРИЗ (AA) – Министерот за култура на Франција Франк Ристер е заразен со коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за култура се наведува дека е потврдена зараза, но дека состојбата на министерот е добра.
Кажано е и дека Ристер присуствувал на активностите одржани минатата седмица во Националниот парламент. Со коронавирусот во Франција се заразени пет пратеници во парламентот.
Претходно министерот за здравство Жероме Саломон соопшти дека од последиците на заразување со коронавирус починаа 25 лица. Потврдено се уште 286 случаи на заразување, со што вкупната бојка на заазени е 1.412.
Саломон познати дека во приправност се 157 болници, а дневно се спроведуваат околу илјада тестови.
Француските медиуми јавија и дека со коронавирус е заразен и осумгодишен учелник на училиште во Париз, поради што од децата во тој клас е побарано да не доаѓаат на настава до 17 март.