Şenhan Bolelli
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа почина едно лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 27.134 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја ги ажурираше бројките на смртните и откриените случаи.
Во оваа недела починале 52 лица во земјата, додека најмногу смртни случаи се забележани во Кастиља и Леон (21), Астуриас (10) и Каталонија (7).
Во соопштението се вели дека во последните 24 часа откриени се уште 177 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи се искачи на 240.978.
Во последните 24 часа почина само едно лица од овој вирус, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 27.134
- Состојбата во Португалија
Владата на Португалија соопшти дека во последните 24 часа починале 10 лица како последица на овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 1.465.
Во последните 24 часа откриени се уште 377 случаи, со што вкупниот број на откриени случаи порасна на 33.969.
Портпаролот на Португалија, Антонио Коста, во изјава за медиумите истакна дека границите на земјата и летовите кон странство ќе бидат отворени на 15 јуни.